За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани, а влегле над 14 илјади странски
- Над 29.000 македонски државјани излегле од граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од МВР. Викендов во државата од северната граница влегле над 14.000 странски државјани.
Куманово, 14 октомври 2024 (МИА) - Над 29.000 македонски државјани излегле од граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од МВР. Викендов во државата од северната граница влегле над 14.000 странски државјани.
Според податоците на Министерството на ГП Табановце на 11 октомври, во петокот излегле 20.952, македонски и 14.800 странски државјани. Во саботата фреквенцијата се намалила на излез на 5.946 македонски и на 5.724 странски државјани. Вчера пак излегле 2.528 македонски и 4.514 странски државјани.
Во истиот период, според податоците на МВР на 11 октомври во петокот влегле 3.874 македонски и 4.201 странски државјанин. Во саботата на 12 октомври пак влез оствариле 5.101 македонски и 5.097 странски државјани. Најмногу македонски граѓани влегле вчера над 13.000 (13.635) и 4.718, странски државјани. ам/дма/
Фото: МИА архива