• четврток, 26 декември 2024

За време на двата карантини Грците испратиле 775 милиони смс пораки за движење

За време на двата карантини Грците испратиле 775 милиони смс пораки за движење
Атина, 30 март 2021 (МИА) – За време на двата карантини во Грција, односно во периодот од март до мај минатата година и од ноември до сега, Грците испратиле 775 милиони смс пораки за движење, објави заменик-министерот за дигитална политика Георгиос Георгадас, јави дописничката на МИА од Атина. Како за првиот, така и за време на вториот карантин што е во сила од 7 ноември 2020 година, испраќањето смс порака на специјален број е задолжително за граѓаните при секое излегување од дома и треба да одберат една од шесте опции што им се на располагање само шест опции. Одговарајќи на пратеничко прашање во парламентот, Георгадас рече дека Грција, наместо потврда за движење на хартија, на граѓаните им обезбедила можност тоа да го сторат со смс пораки, за да добијат во време. -Замислете да имавме залудно потрошени 775 милиони хартиени потврди,775 милиони листови хартија, истакна надлежниот заменик-министер и додаде дека никој не покренал прашање за кршење на законот за личните податоци, бидејќи по добивањето одговор на пораката се бришат сите архиви. ср/

Остани поврзан