• сабота, 27 јули 2024

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Лондон, 1 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан