• сабота, 23 ноември 2024

За брзо возење 61 казна на територија на СВР Битола

За брзо возење 61 казна на територија на СВР Битола

Скопје, 18 јануари 2023 (МИА) – На територијата на СВР Битола денеска во времето од 10:00-14:00 спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што казнети се 61  возач.

Од нив, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. Како што информираа од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан