За брзо возење 41 казна на територија на СВР Битола
- Како што информираа од МВР, од нив 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место.
Скопје, 6 јануари 2022 (МИА) - Денеска во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 41 возач.
Како што информираа од МВР, од нив 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/вг/