• недела, 24 ноември 2024

За брзо возење санкционирани 921 возач

За брзо возење санкционирани 921 возач

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) – Вкупно 921 возачи се казнети при денешната акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. 

Од нив, како што информира МВР,  37 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан