• вторник, 12 ноември 2024

За брзо возење казнети 553 возачи

За брзо возење казнети 553 возачи

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) - Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 553 возачи.

Од нив, како што информираат денеска од МВР, 38 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе за побезбедни патишта. сст/мд/

фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан