• среда, 13 ноември 2024

За брзо возење казнети 504 возачи 

За брзо возење казнети 504 возачи 
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Полицијата вчера на територија на целата држава казнила 504 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 16 се движеле со брзина поголема од 50 километри на час од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. -Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, се вели во соопштението од МВР. Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. сст/дма/

Остани поврзан