• вторник, 24 декември 2024

Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица за злоупотреба на службена положба

Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица за злоупотреба на службена положба

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.

-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела - Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт вклучувајќи го и директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот. вг/aц/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан