• вторник, 17 декември 2024

За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации

За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации

Тирана, 14 декември 2024 (МИА) - Албанскиот амбасадор во Скопје Денион Меидани го  повторни ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се очекува одлука на Уставниот суд, објавија медиумите.

Меидани пишува дека албанскиот јазик не е работа на судовите, затоа албанскиот идентитет не смее да се допре.

- Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Сакам да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на бригадите: Албанскиот јазик не е работа на судови и законски формулации, напишал Меидани на социјалните мрежи.

Тоа е всушност изјавата на премиерот Еди Рама кој меѓу другото од дебатата во Тирана,  организирана од фондацијата „Арбр Џафери" порача дека „албанскиот јазик во Северна Македонија не е прашање на Уставниот суд".

„Кој има очи, чита. Кој има уши, слуша. Пораката е јасна и непроменлива: нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени, посочува Меидани. вт/мд/


Фото: Меидани ФБ

Остани поврзан