• сабота, 23 ноември 2024

Зајкова: Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, ЛДП стои на располагање да даде свој придонес

Зајкова: Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, ЛДП стои на располагање да даде свој придонес

Скопје, 5 јули 2024

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, во гостувањето на емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 нагласи дека чекаат Владата да даде јасен план во однос на најавеното репреговарање за Дoговорот за добрососедство со Бугарија.

„Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, а уште еднаш ќе укажам дека ЛДП стои на располагање да даде свој придонес. Репреговарање не верувам дека ќе има, но да најдеме заеднички јазик како ќе ги премостиме работите.“, изјави Зајкова. 

Претседателката на ЛДП нагласи дека времето ќе покаже дали наративите од изборната кампања биле вистинити или не и дали Македонија ќе обезбеди национален консензус за да оди напред кон ЕУ. 

„Сметам дека Договорот од Преспа е прашање кое не треба повторно да се отвора, затоа што тоа прашање е затворено и тоа е веќе реалност, што го слушаме и од новата власт. Сега ги користиме бенефитите од таа тешка одлука која ја донесе тој парламентарен состав“, изјави Зајкова. 

 Во однос на шпекулациите при формирањето на новата Влада за приклучувањето на ЛДП во составот, таа рече дека и тогаш ги демантирале тие информации. 

„Секогаш сме комуницирале со сите лидери на политички партии, затоа што Македонија мора да се држи до ниво на културен политички дијалог“, изјави Зајкова. 

Говорејќи за понатамошниот евроинтегративен пат на државата и дејствувањето на новата Влада во таа насока, Зајкова рече, земајќи ги предвид изјавите на новите функционери, дека е оптимист дека ќе се надминат блокадите и дека државата ќе ги отпочне преговорите по поглавја. 

Таа заклучи дека ЛДП останува цврсто на своите заложби, а тоа е полноправно членство во Европската унија и реформи во образованието и правосудниот систем и нуди поддршка за спроведување на истите.

 

Либерално-демократската партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан