• вторник, 12 ноември 2024

Зајкова: Менталното здравје е право, а не привилегија

Зајкова: Менталното здравје е право, а не привилегија

Скопје, 12 октомври 2023

Менталното здравје не е тема која ја засега само Македонија, туку и Европа и светот. Во последните години почна многу поотворено да се зборува и да се бараат системски решенија за луѓето да може да се чувствуваат слободно да зборуваат за својот проблем, но и да го превенираат и секако да се грижат за истото без да бидат осудувани од колегите, пријателите, семејството. За да го зачуваме менталното здравје, треба и позитивни информации да пласираме на јавноста затоа што оној свет на постојан негативност и тензија создава чувство на несигурност кај луѓето, сето тоа и како влијае на менталното здравје. Се уште голем проблем е стигматизацијата од општеството, особено кај младите од врсниците и затоа, ние имаме многу случаи на анксиозност на која што луѓето воопшто не обрнуваат внимание, а која што полесно може да еволуира во депресија, подлабока депресија и други форми на ментални нарушувања.  Системот треба да се гради така да обезбедиме рана детекција и рана превенција, да не дојдеме до случаи на самоубиството истакна Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-Демократска партија на Конференцијата  за подигнување на свеста за менталното здравје во основните и средните училишта во организација на Либерален Институт Скопје.

-Треба да сме свесни дека  глобалните трендови се менуваат и дека навистина сега генерациите живеат под поголем притисок, поголем стрес, а до тоа доведува и брзиот пристап на информации, социјалните мрежи итн. Факт е дека голем дел од луѓето не можат да си дозволат психотерапија, токму затоа ни треба закон кој ќе гарантира бесплатни сесии за советување, а веќе работиме и на Национална стратегија за ментално здравје кај младите луѓе, но и подобрување на законот за ментално здравје кој засега ги третира само душевните и ментални растројства, рече претседателката на Либерално-демократска партија Моника Зајкова.

Таа додаде дека се повеќе познати личности и во светот и во Македонија ги споделуваат јавно своите проблеми со менталното здравје, но дека табуата постојат, особено во руралните средини каде овие проблеми се решаваат тајно. Зајкова ја потенцираше и потребата од повеќе конференции на овие теми, повеќе кампањи, затоа што законот е едно, меѓутоа истиот ќе треба да се имплементира и да се менува свесноста кај луѓето за тема ментално здравје.

- Менталното здравје не го опфаќа само врсничкото насилство,  истото влијае и во пост-породилниот период кај жените. Исто така влијае во секојдневните односи, најчесто младите се жалат на неприфаќање на нивните врски од страна на родителите, секојдневниот булинг што го имаме во училиштата и коишто го гледаме на социјалните мрежи сето тоа се рефлектира на тоа да имаме нарушено ментално здравје кај помладите и тие да почнуваат да размислуваат во негативен контекст ,односно да имаме бројки и проценти кои покажуваат дека значително незанемарувачки број на луѓе размислуваат дури на самоубиство, што навистина е загрижувачко- вели Зајкова.

Таа додава дека исто се случува и со студентите, таму е пострашно бидејќи нема служба во високото образование која што можат да детектираат доколку некој има проблем, сакаат некаде да го кажат. Но кога се зборува за отворање на такви канцеларии голем дел од  студентите и средношколците, бараат истите да бидат надвор од надвор од округот на универзитетите бидејќи се плашат дека ако бидат видени од своите врсници дека бараат помош, ќе бидат предмет на потсмев или критика дека нешто не е во ред со нив.

-Најголемите ѕвезди кои имаат и финансиска и општествена моќ баш поради тоа може да страдаат од депресии и анксиозност заради брзата динамика на живот.

Музичарот Авичи во филмот снимен за него зборуваше колку веќе му е товар славата и никој не го ислушува и разбира, за да се заврши приказната со самоубиство, да не дозволиме и да превенираме вакви идни приказни, додаде Зајкова.

Менталното здравје е право, а не привилегија.

 

Либерално-демократска партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан