• недела, 24 ноември 2024

Зајкова: Лажните напади од ВМРО-ДПМНЕ кон мене зборуваат за нивната очајност за политички поени

Зајкова: Лажните напади од ВМРО-ДПМНЕ кон мене зборуваат за нивната очајност за политички поени
Скопје, 27 август 2022 За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен. Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат  во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ. Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина. Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови. Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава. Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња. Моника Зајкова, пратеничка на ЛДП ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан