• сабота, 23 ноември 2024

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи

Скопје, 10 ноември 2024 

„За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на партијата, честитајќи му ја изборната победа на новоизбраниот американски претседаел, Доналд Трамп.

Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието. Минатата година законот не помина во собранието, но Зајкова нагласи дека не се откажува ниту таа како пратеник, ниту ЛДП, затоа што тој закон претставува заштеда на граѓаните од повеќе илјади денари на годишно ниво.

Според Зајкова, предлагањето на законот е нормален начин на функционирање во ЕУ но додава дека во Македонија изгледа тоа предизвикува и бури и закани и посочува дека заканите кои ги добивала минатата година телефонски и на социјалните мрежи, сега добиле на интензитет.

„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат - во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.

„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.

Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е.

Според Зајкова, потребна е стратегија за да се  постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.

„Ако сакаат овие поединци, кои застапуваат туѓи интереси, да ги објавуваме разговорите и преписките со кои ми се закануваат мене, но и го манипулираат членството со измама која е кривично дело и го наведуваат на некакви потписи, а доаѓаат и од луѓе кои се надвор и луѓе тука кои сакаат да се заштитат, чекајќи исход од одредени истраги, не е проблем, транскриптите и доказите се спремни. Може да ги објавиме“, заклучува Зајкова

Но, според претседателката на ЛДП, тоа заслужува внимание на органите на државата, а не на граѓаните кои бараат подобар живот и тоа нема да даде решенија на проблемите кои ги имаат граѓаните.

„Затоа само топло ќе им препорачам повеќе да ги промовираат програмските определби и вредности на ЛДП, а помалку да се занимаваат со лични калкуции и одработување за други интереси. Нема да дозволам никој со уцени и закани да ја нарушува либерално-демократската идеологија. И да, ја видов сликата од присутните од некаков иницијативен одбор за вонреден Конгрес на партијата, еве ја тука и вие сте новинари долги години, па ќе можете и вие да потврдите дека таму видовте или не видовте лица кои во јавноста се препознати либерал-демократи. Нема претставници на општинските организации и органи, нема никакво наводно мнозинство со кое се манипулира јавноста. Или пак мнозинството присутни беа донесени, некои можеби и платени, па дури има и луѓе кои немаат допирна точка со ЛДП. Евтина кампања која не поминува“, посочува претседателката на ЛДП.

Тоа не се либерал-демократски вредности, вели Зајкова и додава дека со сила, калкулации и уцени не се добива мнозинство во партијата, туку само со чесна работа и со вистински идеи, со вистински предлози и со доследност на тие идеи.

„Ајде, ние вистинските либерал демократи да работиме за локалните избори, да донесеме идеи за подобар живот на граѓаните. За граѓаните се бориме, за во нивните џебови да има повеќе пари, за да имаат поголема благосостојба, за Македонија да биде не пристојно туку прекрасно место за живеење. Тоа и ќе го направиме и од тоа нема откажување“, порача претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во нејзиното обраќање.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, претседателката Зајкова посочи дека ЛДП настапува независно во собранието, со предлози кои се во согласност со либерално-демократските вредности и интересите на граѓаните и државата, повторувајќи дека ЛДП ќе ги поддржи сите добри проекти кои носат бенефит за подобар жиот.

„Се што значи настап на ЛДП на избори за истото одлука носат општинските организации и Централниот одбор по спроведена анализа и дискусии. ЛДП има членови и во Кисела Вода и имавме информации и знаевме дека беше изнајмена општинската сала за прес конференција, добивме инфромации дека беа најавени повеќе од 100 луѓе, знаевме дека на повеќето од нив им било понудено за компензација да се присутни таму, имаше најава за присуство и на некакви навивачки групи и на крајот еве ги на сликата, повеќе соседи кои ме почитуваат би собрала и јас“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

ЛДП

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ЛДП

 

Остани поврзан