• петок, 27 декември 2024

Заштитни маски од кожа на бурмански питон

Заштитни маски од кожа на бурмански питон
Лос Анџелес, 22 април 2020 (МИА) - Компанијата „Ол американ гејтор“ од Флорида почна да продава маски за лице од кожа од бурмански питони. Овие змии периодов неконтролирано се размножуваат во Националниот парк Еверглејдс, со што и започна „модниот предизвик" за спречување на ширењето на коронавирусот. Сопственикот на компанијата, Брајан Вуд истакна дека изработуваат маски и од крокодили и алигатори. - Луѓето уште некое време ќе мора да го покриваат лицето. Маските се тука зашто ситуацијава може да трае подолго отколку што мислевме, изјави Вуд. Тој додаде дека овој моден додаток е за оние што сакаат да ја следат модата. Самата кожа од питон не нѐ штити од Ковид-19 така ефикасно, како М-95 маските со филтри. Властите на Флорида пред неколку дена им наложија на граѓаните да носат маски, или со ткаенина преку носот и устата да одат во продавница, аптека или онаму каде што имаат потреба. си/ми/

Остани поврзан