• сабота, 27 јули 2024

Заштитни маски и рози добија жените возачи во Кавадарци

Заштитни маски и рози добија жените возачи во Кавадарци
Кавадарци, 8 март 2021 (МИА) - Заштитни маски, рози, едукативни флаери од областа на сообраќајот и миризливи фреш пораки за во возилата, добија денеска жените возачи во Кавадарци. Инспекторот за превенција, Димитар Каракулев, појасни дека станува збор за  акција на ОВР Кавадарци и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. - Ова е своевидна честитка за Денот на жената - 8 Март. Вози внимателно, празнувај одговорно, беше мотото на денешната акција, нагласи Каракулев. свд/ки/

Остани поврзан