• недела, 24 ноември 2024

Зачестија пожарите на отворено во кумановскиот регион

Зачестија пожарите на отворено во кумановскиот регион
Куманово, 31 март 2022 (МИА) - Зачестија пожарите на отворено во кумановскиот регион, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица. Според податоците на противпожарната единица, во првите три месеци регистрирани се вкупно 95 пожари, што е за десет повеќе во однос на истиот период лани, кога имало 85 пожари. - Бројката на пожари на отворен простор приближно е иста како лани. Минатата година, во првите три месеци имавме 26, годинава имаме 29 пожари. Се согласувам дека пожарите на отворен простор, за шумите конкретно минатата година немавме толку, оваа година не знам од кои причини имаме зголемен број на пожари особено во липковскиот регион и изгореа околу дваесетина хектари борова шума во атар на село Стрезовце, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Тој потсетува дека палењето на стрништата е казниво со закон и дека не помагаат апелите од институциите. Помал број на пожари на оџаци имало во март во однос на јануари и февруари. - За зимскиот период тоа е за очекување, меѓутоа не е за очекување во зимски услови да бележиме толкав број на интервенции на отворен простор. Причините за избувнување на пожарите е неблагодарно  да се калкулира и шпекулира, меѓутоа од искуство кажувам дека во 90 проценти од случаите е човечки фактор и намерно палење на отворен простор, изјави Илиевски. ам/мс/

Остани поврзан