• среда, 25 декември 2024

Зачестија дефектите на вертикалната сигнализација во Куманово

Зачестија дефектите на вертикалната сигнализација во Куманово
Куманово, 14 септември 2022 (МИА) - Повторно не функционираат семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар во Куманово, реагираат граѓаните кои бараат брза интервенција од надлежните органи. Поради непочитување на сообраќајните правила, но и брзо возење на булеварите, изминатата седмица се случија и неколку сообраќајни незгоди со помала материјална штета.
Кумановци се жалат дека зачестија дефектите на вертикалната сигнализација што го оневозможува безбедното движење и на пешаците и на возачите. Граѓаните велат дека несовесни возачи постојано ги уништуваат семафорите низ градот и дека се чувствуваат небезбедно, бидејќи со голема брзина се вози и на сообраќајниците каде што има семафори и онаму каде што недостига вертикална сигнализација.
Општина Куманово во јули склучи договор со избрана компанија за одржување на вертикална сигнализација за што од општинскиот буџет одвои 1.106.034. 06 денари. На јавната набавка помеѓу четирите компании од државата беше избрана скопската компанија „Виа сигнал дооел“, се наведува на електронскиот систем за јавни набавки. ам/дма/

Остани поврзан