• четврток, 26 декември 2024

Захарова: Русија подготвува одговор кон Молдавија поради намалувањето на руските дипломати во земјата за шпионажа

Захарова: Русија подготвува одговор кон Молдавија поради намалувањето на руските дипломати во земјата за шпионажа

Кишињев/Москва, 26 јули 2023 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска, на прес-конференција, кажа дека потегот на Молдавија да го намали бројот на руски дипломати во земјата поради наводна шпионажа, е натамошен чекор кон уништување на билатералните односи меѓу земјите и дека Русија ќе одговори на тоа.

Молдавија најави дека ќе го намали бројот на руски дипломатски персонал во земјата, јави Тасс.

Молдавија вчера ги повика руските дипломати поради пишувањата на медиумите во земјата дека руската Амбасада во Кишињев поставила големо количество сателитска опрема на покривот од зградата, што може да се користи за шпионажа.

-Тоа е фантазија која нема никаква врска со реалноста, рече Захарова, пренесе Скај њуз.

Односите меѓу Русија и Молдавија се затегнати откако Русија ја нападна Украина. 

Русија има стационирани војници во отцепениот молдавски регион Придњестровје, што директно се граничи со Украина. сд/

Остани поврзан