• четврток, 26 декември 2024

Захарова: Русија ги отфрла американските обвинувања за мешање во изборите

Захарова: Русија ги отфрла американските обвинувања за мешање во изборите

Сочи, 5 ноември 2024 (МИА) - Русија ги отфрла тврдењата на американските разузнавачки агенции за наводно мешање во изборите во САД и ширење лаги за нив, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сега целиот свет е замрзнат, не во исчекување, туку всушност во ужас од изборните процеси што се случуваат во САД, дека некој им се меша во изборите. Разузнавачките служби веќе ја обвинија Русија и други земји за ширење лаги за американските избори и наводно ширење лаги во американското општество. 

- Ако ги слушате двајца американски кандидати за претседател како меѓусебно се обвинуваат дека лажат, тогаш другите земји нема што да прават тука, рече Захарова.

Претходно, ФБИ, Националната разузнавачка агенција и Агенцијата за кибер безбедност и заштита на инфраструктурата соопштија дека лица поврзани со Русија фабрикувале видео кое кружи на социјалните мрежи за измама на гласачите во државата Џорџија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан