• сабота, 23 ноември 2024

Захарова: Москва не му верува на Киев во однос на можните преговори

Захарова: Москва не му верува на Киев во однос на можните преговори

Москва, 24 јули 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека не може да им се верува на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можни преговори со Русија за „некаков мировен план“.

„Никој нема доверба во него. Сите совршено разбираат дека тој е човек кој може да изврти се, кој може да лаже, кој може да отфрли сè, бидејќи тој дури и го напушти својот народ, буквално фрлајќи ги граѓаните на Украина на жртвениот олтар“, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Таа се осврна на фактот дека досега „никој не направил ништо - ниту Зеленски, ниту неговата администрација или други гранки на власта, ниту западните покровители со цел да се укине законот што ѝ забранува на Украина да преговара со Русија“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан