• вторник, 12 ноември 2024

Захариева: Не може вака да продолжат односите со Северна Македонија

Захариева: Не може вака да продолжат односите со Северна Македонија
Софија, 15 февруари 2021 (МИА) - Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, во интервју за софискиот дневен весник „24 часа“, вели дека е факт, дека е направена видлива и активна политика на Бугарија на Балканот. - Уште во првите 2-3 месеци од мојот мандат ги посетив сите земји во регионот. Тоа беше мојата цел како министер. Се разбира, отидов и во Романија и во Грција како соседни земји и членки на ЕУ. Постојано се среќававме со колегите на разни форуми. Целта на Бугарија е - и не само на оваа влада, низа влади работеа на тоа - да имаме добри односи со сите наши соседи, вели Захариева. На прашањето за односите со Северна Македонија, Захариева коментира дека „Бугарија секогаш ја поддржувала и во најтешките моменти, и дека ќе продолжи и сега тоа да го прави“. - Не сакав да се водат толку многу преговори преку медиумите, тоа доведе до тешка реторика, бидејќи после е тешко да се одречат веќе кажаните зборови. Разбирам дека честопати се зборува за сопствената публика, но не е во ред во 21 век да победува на избори со кампања, против која и да било од твоите соседни земји. Не може да се продолжи вака, вели Захариева. Според Захариева, сепак, не е тајна дека Белград има силно влијание во Скопје, и дека сигурно има тенденција да се приближи српскиот јазик, српскиот бизнис и институциите. Тренд, што според неа, не запира во последните 30 години. Целта на Бугарија, вели Захариева, не е да ги расипе пријателските односи меѓу Скопје и Белград. - Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно. Не може да немаме железничка линија со Република Северна Македонија. Не може да ставаат административни бариери за бугарските компании. Обидот да се претстави Бугарија како историски реваншист на 19 век е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се реални. Најважно е да се смират емоциите и да гледаме прагматично, вели Захариева. Прашана, дали како министерка за надворешни работи на Бугарија, успеала да најде рамнотежа меѓу Москва и Вашингтон, со оглед на тоа што и САД и Русија во Софија имаат жени амбасадорки, Захариева вели дека работи еднакво добро сите странски амбасадори и дека не игра улога, тоа кој од која држава доаѓа, а полот пак уште помалку. - Но, во однос на прашањето за рамнотежа, ќе кажам дека бугарските национални интереси се на прво место. Геополитичката ориентација на Бугарија е јасна и се надевам дека нема да биде доведена во прашање. Стратешкиот дијалог со САД и посетата на премиерот на Вашингтон се показател за односот што го имаме, вели Захариева. Според Захариева, многу посети биле остварени и со Русија, и тоа на највисоко ниво, како претседател, премиер, министер за надворешни работи ... - Кога ја посетив Москва, бугарски министер за надворешни работи не беше таму од 2011 година. Имавме планирано посета на Сергеј Лавров во Софија, но поради КОВИД кризата, тоа, за жал, не се случи. Имаме прагматичен и искрен однос со Русија, вели Захариева. нк/аа/

Остани поврзан