• четврток, 26 декември 2024

Зафировски: Да се направи мапа на болници што ќе бидат вклучени во проектот на КОВИД центри

Зафировски: Да се направи мапа на болници што ќе бидат вклучени во проектот на КОВИД центри
Скопје, 12 јули 2021 

Почитувани,

Светот е пред предизвикот на делта сојот на КОВИД-19 вирусот, а ризикот од нов голем бран на есен е огромен. Покрај предложените мерки кои ги адресиравме до Филипче со цел да се превенира експлозија од нови случаи од октомври, Филипче мора да го подготви системот, со цел болниците да бидат спремни на секакво сценарио.

Според наши сознанија власта не работи ништо во насока на подготовка за можниот есенски бран.

Филипче да каже дали болниците се подготвени за новиот КОВИД бран, и ако не се зошто до сега ништо не е преземено?

Дополнително мора веднаш да се направи мапа на болници ќе бидат вклучени во проектот на КОВИД центри, со цел да не се доведуваме во ситуација целиот здравствен систем да лекува само КОВИД болни, а другите пациенти да ги оставиме на милост и немилост.

Веднаш да се подготват протоколи, да се обезбедат доволно лекови, и лична заштитна опрема, како маски, скафандери, ракавици, но и средства за дезинфекција. Истовремено да се подигне и нивото на хигиена, и да се извршат потребните санации или поправки онаму каде што тоа е потребно.

Зачудува леснотијата и негрижата со која Филипче и Заев се однесуваат во ек на најголемата пандемија на нашето време.

Потребно е да се набават  сите неопходни хемиско и биохемиски тестови, да бидат во функција сите рентген апарати, како и компјутеризирана томографија. Со тоа не би ги довеле граѓаните да плаќаат приватни болници.

Додека има време да се направи едукација на медицински тимови со меѓународна конференција со цел размена на искуства.

Апелираме Филипче и Заев да го напуштат системот на паушалност и да се посветат во борбата против КОВИД-19 вирусот.

Имаме одлична можност поради големината на земјата да превенираме големи бранови, но за тоа е потребна посветена работа и многу труд.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!

Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки   

Остани поврзан