• вторник, 12 ноември 2024

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско

Скопје, 1 мај 2023 (МИА) - Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип.

-Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вг/хс/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан