• четврток, 19 декември 2024

Затворен за сообраќај патот Велес - Градско од 10:00 до 16:00 часот поради поставување заштитна мрежа

Затворен за сообраќај патот Велес - Градско од 10:00 до 16:00 часот поради поставување заштитна мрежа

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско, денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираа од АМСМ.

Од утре до 18.01.2024 година затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2023 година, потсетуваат од АМСМ, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан