• среда, 25 декември 2024

Затворен аеродромот во Катанија поради нова ерупција на Етна

Затворен аеродромот во Катанија поради нова ерупција на Етна

Рим, 23 јули 2024 (МИА) - Сицилијанските власти денеска забележаа ново зголемување на активноста на вулканот Етна, а поради испуштање вулканска пепел затворен е и аеродромот во Катанија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, прекинот на полетувањата и слетувањата доведе до откажување и пренасочување на летовите, а операциите на аеродромот ќе продолжат откако ќе заврши отстранувањето на пепелта од инфраструктурата.

Еруптивната активност се уште е во тек, а Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија го снимил тресењето на каналот на магмата, што доведува до силни удари, пренесува Кориере дела сера. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан