• сабота, 28 декември 2024

Затворени 27 грнични премини помеѓу Хрватска и Словенија

Затворени 27 грнични премини помеѓу Хрватска и Словенија
Загреб, 18 март 2020 (МИА) - Помеѓу Хрватска и Словенија од полноќ, поради спречување на ширењето на новиот коронавирус затворени се 27 гранични премини, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ. Затворени се граничните премини Луција, Слум, Веле Муне, Липа, Презид Два, Замост, Блажевци, Прилишче, Правутина, Обреж, Виводин, Кашт, Ново Село Жумберачко. Исто така се затворени и премините Крај Доњи, Горни Чемеховец, Драше, Плавиќ, Лука Пољанска, Мали Табор, Кленовец, Хумски, Горна Воча, Пресека, Свети Мартин на Мура, Чабар, Цветин, Злогање и Банфи. ми/

Остани поврзан