• недела, 24 ноември 2024

Затворени избирачките места на вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Затворени избирачките места на вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) – Во 20 часот беа затворени избирачките места за вонредните парламентарни избори во Црна Гора, на кои денеска е регистрирана многу помала излезност од претходните неколку изјаснувања на граѓаните, јави Мина.

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) предмалку соопштио дека околу 305.760 гласачи или 56,4 отсто гласале на вонредните парламентарни избори. 

На северот на земјата до 20 часот гласале 58,3 отсто од гласачите, во централниот регион 59 отсто, додека на југот гласале 49,2 отсто од гласачите.

На парламентарните избори во 2016 година гласале 73,3 отсто од избирачите, додека во 2020 година гласале 76,6 отсто.

На изборите учествуваа 15 листи, а право на глас имаа 542.468 граѓани.

Парламентарните избори што се одржаа денеска се дванаесетти од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а шести по обновувањето на независноста. сд/

Остани поврзан