• недела, 28 јули 2024

Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Абе

Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Абе
Токио, 8 јули 2022 (МИА) – Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нарa. Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот. Напаѓачот е идентификуван и уапсен. Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. ми/

Остани поврзан