• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Засилени сообраќајни контроли во Дебарско, кривична пријава за вршење јавен превоз без поседување лиценца

Засилени сообраќајни контроли во Дебарско, кривична пријава за вршење јавен превоз без поседување лиценца

Дебар, 14 април 2025 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против В.Г.(29) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. 

- При контрола во патниот сообраќај, извршена на 3 април во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како со патнички автомобил „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него во текот на вчерашниот ден, при контроли во патниот сообраќај  полициските службеници затекнале 9 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни налози.


- Во наредниот период, контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и јакнење на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, најави Димоски. вт/

 

 

 

Остани поврзан