• четврток, 26 декември 2024

Засадени 200 садници во дворот на ООУ „Љубен Лапе“, во општина Аеродром

Засадени 200 садници во дворот на ООУ „Љубен Лапе“, во општина Аеродром
Скопје, 25 мај 2021 (МИА) - Нови 200 садници денеска беа засадени во дворот на ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром. Како што информираат од Општината садниците се поставени во вид на жива ограда во должина од 160 метри, која покрај естетска, има и еколошка функција. Оградата се граничи со улицата „Васко Карангелески“, како и во делот покрај паркингот на училиштето. На засадувањето учествувала и претседателката на Советот, Ивана Цветковска. -Општина Аеродром редовно организира акции за засадување и зазеленување, при што досега достигнавме бројка од над 10.000 садници на разни локации низ општината. Се радуваме и ја поддржуваме секоја иницијатива што придонесува за почиста и позелена животна средина, истакнала Цветковска. Во соопштението се наведува дека саднците се донација од Прокредит банка во рамките на нивната општествено -одговорно кампања „Се грижам, дејствувам, менувам“.свс/скс/

Остани поврзан