Засадени нови високоизраснати дрва во Карпош
- Продолжи есенската акција за зголемување на зеленилото, и тоа во населбите Влае 2 на плоштадот „Делфина“, Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле - „Јуриј Гагарин“ меѓу зградите број 33 и 35 и
![Засадени нови високоизраснати дрва во Карпош](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108204058_big_730x400_47.webp )
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Продолжи есенската акција за зголемување на зеленилото и тоа во населбите Влае 2 на плоштадот „Делфина“, Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле - „Јуриј Гагарин“ меѓу зградите број 33 и 35 и Карпош 3, во рамки на спортско–рекреативниот центар во основното училиште „Лазо Трповски“, соопштија денеска од Општина Карпош.
Засадени се вкупно 34 високоизраснати листопадни и зимзелени дрва - јавори, јасени, липи и туи. Од Општината информираат дека континуирано вложуваат во раззеленување на Карпош.
- Во изминатиот период беше засадено ново зеленило и тревна површина и во Тафталиџе, во должина на булеварот „Партизански одреди“, во Карпош 4, меѓу „Желево“ и „Соле Стојчев“, како и во УЗ „Владо Тасевски“ спроти хотелот Карпош, се наведува во соопштението на општинските власти. бт/сп/
![карпош.jpg 1](/articles/images/%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0/aE8sq7tC4/placeholder.webp?use_watermark=0)