• сабота, 27 јули 2024

Заради увид во сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралата Кичево-Гостивар се одвива наизменично

Заради увид во сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралата Кичево-Гостивар се одвива наизменично

Гостивар, 26 септември 2023 (МИА) - По речиси двочасовниот прекин прекин во одвивање на сообраќајот по магистралниот пат Гостивар - Кичево, пред влезот на Гостивар, заради сообраќајна незгода, движењето на возила се одвива со наизменично пропуштање кое го регулираат полициски службеници.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 10 часот и 5 минути била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, пред влезот на Гостивар, во близина на угостителски објект.

- Во неа учествувале патничко моторно возило „сеат кордоба“ со гостиварски регистарски ознаки управувано одР.Р. (75) од  долнореканско Велебрдо и трактор, исто така, со гостиварски ознаки што го управувал  Г.Ќ.(34) од гостиварска Ломница, наведуваат од СВР Тетово.

Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар, сообраќајот се регулира со неизменично пропуштање на возилата во двете насоки. згм/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан