• сабота, 28 декември 2024

Заради пукање на главна водоводна цевка без вода остана Општина Босилово

Заради пукање на главна водоводна цевка без вода остана Општина Босилово

Струмица, 13 јануари 2024 (МИА) - Заради пукање на главна водоводна цевка која пренесува вода од акумулацијата „Иловица“ до истоимената филтер станица без вода остана Општина Босилово и населените места.

Дефектот се случил синоќа, а според информацијата од директорот на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица, Лазо Ѓоргиев, дефектот е на непристапен терен и од рано утрово екипите работат на санирање.

-Се работи за тешко пристапен терен и е потребен багер гасеничар за да можеме да го санираме дефектот кој е под агол од 45 степени. Се надевам дека до крајот на денот или најдоцна до утре повторно ќе протече вода во системот за водососнабдување, изјави Ѓоргиев.

На екипите на Водостопанство им помагаат и вработени во ЈПКД „Огражден“ од Босилово. Градоначалникот на оваа општина Ристо Манчев информираше дека се надева оти состојбата со водоснабдувањето ќе се нормализира што побргу и за текот на активностите и обезбедувањето вода дополнително ќе информираат. рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан