• недела, 17 ноември 2024

Запрена постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат во Гази Баба

Запрена постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат во Гази Баба
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план во Гази Баба добија решение за запирање на постапката за одобрување, информираат од општината.
- Во изминатите неколку дена заедно со стручни лица од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина спроведовме ревизија на постапката и содржината на три урбанистички проекти, по што утринава потпишав Решение за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план, соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Новиот градоначалник вели дека заштитата на животната средина ќе биде на врвот на неговите приоритети.ар/са/

Остани поврзан