• четврток, 26 декември 2024

Започнува 33. Поетска ноќ во Велестово

Започнува 33. Поетска ноќ во Велестово
Скопје, 20 август 2021 (МИА) –  Од денес до недела ќе се одржи 33. Поетска ноќ во Велестово која ќе биде посветена на поезијата на Ристо Лазаров и на творештвото на охридските уметници Славко и Никола Упевче. Во рамки на манифестацијата ќе биде отворена изложбата „Татко и син Упевче“ на отворениот простор и во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во село Велестово и ќе биде откриен мозаик на кој е претставено логото на манифестацијата, изработен од Никола Упевче. Беседа за Ристо Лазаров ќе одржи Димитар Пандев, а негови стихови ќе интерпретира Ивица Цонев. Интернационалното читање ќе се одржи в сабота со почеток во 18 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид со поезија од Кристин Омарсдотир и Сигурбјорг Трастардотир од Исланд, Надија Реброња од Србија и Андреј Ал-Асади од Македонија. Поради ситуацијата со коронавирусот, поетесите од Исланд ќе се претстават преку видеопроекција. Последната вечер насловена „Поезија ‒ Залез“ ќе се одржи в недела со почеток во 18 часот на локалитет во Велестово, а ќе читаат поетите Д. А. Лори, Надија Реброња, Сашо Огненовски, Ивана Јовановска и Андреј Ал-Асади. И годинашното издание на манифестацијата ќе се одвива според препораките и протоколите за заштита од Ковид-19. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Општина Охрид и Комерцијална Банка. свс/бак/

Остани поврзан