• петок, 27 декември 2024

Започнува риболовот на Калиманско Езеро

Започнува риболовот на Калиманско Езеро
Македонска Каменица, 12 јуни 2020 (МИА) – Спортското риболовно друштво „Шаран“ од Македонска Каменица која поседува концесија за стопанисување објави дозволен спортски риболов во водите на Калиманско Езеро. Како што истакна претседателот Горан Стојменовски, друштвото веќе започна со издавање дозволи за риболовците од М. Каменица и околните места. - Сите останати видови риба како сом, клен, караш, црвеноперка, бојник и мрена се дозволени за улов. Цената за годишна риболовна дозвола изнесува 2.500 денари, а дневната чини 250 денари. СРД „Шаран“ веќе има издадено дозволи за риболовците од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Берово и Делчево, а кочанчани дозволи можат да извадат во фирмата „Амазон“, истакна Стојменовски. До 1 јули 2020, како што додаде тој, останува забраната за ловење крап, кој во овој период се мрести. - Максималниот улов на останатите видови риба е еден сом или два крапа, а од гореспоменатата риба е дозволено да се лови до три килограми. Дозволено е да се лови со три трски од брег или со чамец во времетраење од 24 часа, додаде Стоименовски. Досега риболовното друштво „Шаран“ има извршено порибување со див крап, кој е набавен од специјални рибници за таа намена во нашата држава. вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан