• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Започнува реализацијата на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“

Започнува реализацијата на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“

Делчево, 2 април 2024 (МИА) - Во Делчево официјално започнува проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во Благоевградско-делчевскиот регион“ (CrossTourAct) . Проектот како што соопшти денеска градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски ќе се реализира во соработка со Општина Делчево и Регионален центар за застапување од Македонска страна и Општина Благоевград и Алфатур од бугарска страна. 

-Проектот се реализира во рамките на Програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Во рамки на проектот во Општина Делчево ќе се работи на регулацијата на коритото на реката Брегалница и ќе биде изграден скејт парк во рамки на градскиот парк, информира Трајковски.

Дополнително како што додаде предвидени се активности за градење капацитети  и промоција на проектните активности. 

-Овие проекти претставуваат прв конкретен чекор кон реализација на територијалната стратегија, карактеризирани со нивната интегрирана природа. Тие ги обединуваат претставниците од различни социјални и економски сектори и поттикнуваат поблиска соработка помеѓу локалните власти, бизнисите и граѓанските организации од двете земји, овозможувајќи самите заедници да ги приоретизираат инвестициите кои најдобро одговараат на нивните специфични потреби. Проектите не само што ја нагласуваат соработката, туку и ги обединуваат напорите за поголема одржливост, иновации и конкурентност во регионот, додаде Трајковски.

Проектот ќе се спроведува во период од две години и е меѓу одобрените осум проекти кои ќе работат на создавање атрактивен туристички производ достапен во сите сезони преку паметни решенија.
Вкупната сума на проектот е 991.641,39 евра од кои 842.895,17 од Европската Унија, а остатокот е национално кофинансирање  од 90.441,18 (Бугарија) и 58.305,04 (Северна Македонија). вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан