• недела, 24 ноември 2024

Започнува постапката за осветлување на кејот на Каменичка Река

Започнува постапката за осветлување на кејот на Каменичка Река
Македонска Каменица, 6 јуни 2022 (МИА) - Општина Македонска Каменица ја започнува постапката за осветлување на кејот на Каменичка Река. Очекувањата на градоначалникот Димчо Атанасовски, кој денеска потпиша договор со овластената фирма за реализација на договорот, се дека до почетокот на септември, проектот ќе биде целосно завршен. - Добивме гаранција дека градежните работи ќе започнат веќе од наредната недела и дека проектот ќе биде комплетно завршен во рок од максимум три месеци, истакна Атанасовски по средбата со претставници на фирмата Елмонд Електро ДОО. По завршување на градежните работи, согласно проектот ќе следи поставување на нова урбана опрема по целата должина на кејот. - Исто така, ќе работиме и на создавање на услови за изградба на нови пешачки и сообраќајни мостови на споменатиот потег од градот, додаде Атанасовски. Претходно Општината ја скенираше состојбата за подобрување на јавното осветлување во градот, констатирајки дека подобрување е потребно во дел од објектите на јавните установи и институции во градот. вс/оџ/

Остани поврзан