• среда, 27 ноември 2024

Започнува осмиот меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“

Започнува осмиот меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“

Скопје, 24 август 2023 (МИА) – Овогодишниот турнир ќе биде еден од најдобро организираните досега, истакнаа организаторите на денешната прес-конференција на која го најавија осмиот меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“.

Турнирот, кој е во чест на ракометарот Миле Нешкоски, ќе се одржи во Прилеп овој викенд, од 25 до 28 август. 

Натпреварите ќе се одвиваат 4 дена редоследон почнувајќи од 13 до 20 часот.

Организаторите добија поддршка од Агенцијата за млади и спорт, Ракометна федерација и Бизнис секторот од градот Прилеп.

Како што истакнаа на прес-конференцијата, на турнирот ќе учествуваат осум екипи од кои, шест се од македонската суперлига и две од странство, екипата на РК Кокс од Финска и екипата на РК Дубочица од Лесковац, Србија.

Екипите ќе бидат поделени во две групи, ќе има вкупно 16 натпревари распоредени во четири натпреварувачки дена. Во првата група ќе настапат РК Прилеп, РК Дубочица, РК Скопје и РК Струга., додека во втората ќе бидат РК Кокс, РК Еурофарм, РП Пролет и РК Мултиесенс

Како што потенцираа, на турнирот ќе бидат делегирани судии од највисок ранг од македонското првенство.

На последниот ден од турнирот, 28 понеделник,  планирани се финалните натпревари, односно разигрувањата за конечен пласман на турнирот. 

На прес-конференцијата нагласија дека оваа година турнирот го организираат на едно многу високо ниво со надеж дека во наредните години ќе достигне уште повисоко ниво со уште пообемен турнир којшто ќе служи за подготовка на екипите за почетокот на првенството. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан