• петок, 27 декември 2024

Започнува акцијата за генерално чистење во општина Гази Баба

Започнува акцијата за генерално чистење во општина Гази Баба
Скопје, 11 април 2022 (МИА) – Град Скопје во организација со јавните градски претпријатија денеска започнува акција за генерално чистење во општина Гази Баба. Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје информираат дека ќе реализираат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во општината. Исто така, ќе биде организирано и миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини, вклучително со микролакции. - Специјални садови каде жителите на општина Гази Бава ќе можат да го однесат својот кабаст отпад, што во текот на акцијата ќе биде подигнат и транспортиран ќе има во Село Стајковци, улица „Антон Попов“ – кај месната заедница, Село Црешево, кај чешмата на средината на селото, Вардариште, улица „Боривоје Милошевски“, Вардариште, улица „Перо Наков“ до детското игралиште, Село Јурумлери, на влезот на селото кај бензинската пумпа, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. Од претпријатието потсетуваат дека во периодот од 4 до 10 април 2022 година, се одвиваше акција за генерално чистење на општината Аеродром, во чиишто рамки екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје отстранија вкупно 155 кубни метри отпад од диви депонии, додека во специјалните садови беа одложени 265 кубни метри кабаст отпад. ки/лв/

Остани поврзан