• четврток, 26 декември 2024

Започна целосно расчистување на кејот на Вардар во потегот од Хром кон Сарај

Започна целосно расчистување на кејот на Вардар во потегот од Хром кон Сарај
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) - Општина Ѓорче Петров во соработка со Град Скопје, започна темелно и целосно да го расчистува кејот на Вардар, односно потегот од мостот во Хром до мостот кај Сарај. - Заедно со службите на „Комунална хигиена“ и со нашиот капацитет што го имаме од комунални работници, темелно се чисти кејот, што навистина го користат граѓаните и претставува едно традиционално место за одишка на жителите на Ѓорче Петров. Со самото тоа што Градот работи поинтензивно на средување на Спортскиот рекреативен центар „Сарај“, преку мостот, изграден во 2002 година се јавува мултикултура помеѓу двете општини на заедничко дружење, посочи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека во текот на изминатата година се работи на интензивно чистење на кејот, со цел да го добие сјајот што го заслужува. - Во делот на овој потег, ќе се чисти на должина од четири километри, темелно и чекор по чекот, со цел овој јавен простор на граѓаните на Ѓорче Петров и Сарај да им послужи за рекреација. Се уште се наоѓаме во време на пандемија, а секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните, изјави Шилегов. Шилегов ги повика и останатите градоначалници, во општини каде што поминува реката Вардар да се приклучат со свои ресурси кон интензивно чистење на реката. ки/бт/

Остани поврзан