• недела, 28 јули 2024

Започна промената на јавното осветление во општина Кичево

Започна промената на јавното осветление во општина Кичево
Кичево, 1 ноември 2021 (МИА) - Во текот на денешниот ден компанијата „Бурими-2001“ од Кичево, ја започна промената на јавното осветление во општина Кичево. Најпрво ќе бидат променети светилките во градот, а потоа и во селските населби. Оваа компанија како најповолен понудувач го доби тендерот за целосна промена на јавното осветление во општината. Според Ајрадин Арифи, вработен во оваа компанија, целокупната операција треба да заврши во наредните шест месеци. - Од денеска започнавме со промена на јавното осветление во градот и селата во општина Кичево. Нашата компанија како најповолен понудувач со овој зафат ќе изврши промена на 8 000 светилки, кои во најголем дел ќе бидат инсталирани во градот, како и во сите села во општината, изјави тој. Овој зафат денеска е започнат на булеварот „Ослободување“ каде во наредните три дена се планира целосно да биде променето јавното осветление со поставување нови економски штедливи лед светилки. Според Арифи, промената на јавното осветление не само што ќе придонесе за поквалитетно осветлување на улиците и патиштата, туку ќе придонесе и за намалување на потрошувачка на електрична енергија. - Новите лед светилки се многу исплатливи бидејќи потрошувачката на електрична енергија се намалува за 30 проценти, додека векот на траење на овие светилки е многу подолг и имаат гаранција од 5 години.Дополнителна предност кај овие светилки е што можат по желба да светат посилно или послабо или само во еден дел да ја осветливаат улицата, а тоа им го овозможува смарт тахнологијата со која се изработени, додаде Арифи. за/цр

Остани поврзан