• четврток, 19 декември 2024

Започна примената на новите правила за азил за недокументираните имигранти кои сакаат да влезат во САД  

Започна примената на новите правила за азил за недокументираните имигранти кои сакаат да влезат во САД  

 

Вашингтон, 12 мај 2023 (МИА) Од синоќа на полноќ истече рокот на траење на Поглавјето 42, итна здравствена наредба користена за време на пандемијата на границата меѓу САД и Мексико за брзо протерување на мигрантите назад во Мексико или во нивната матична земја. 

Администрацијата на Бајден воведе строги мерки за азил кои, како што рече секретарот за внатрешна безбедност,,Алехандро Мајоркас, ќе доведат до протерување на мнозинството мигранти на границата, каде што според некои аналитичари околу 150.000 луѓе чекаат да влезат во САД. 

-Еве што ќе се случи: ќе бидете вратени, рече Мајоркас на прес-конференција во Вашингтон. Додадека дека американската граница не е отворена. 

На границата мигрантите се збунети што понатаму. Присила Орта, адвокатка за имиграција во Браунсвил, Тексас, секоја недела ја преминува границата во Матаморос, Мексико за да им објасни на мигрантите со кој процес ќе се соочат. 

-Ако влезете под какви било други околности освен апликацијата, или само однапред закажан термин, нема да се сметате за прифатливи за азил, што, откако сте работеле од ден на ден со луѓе кои чекаат, особено овде во Матаморос, токму тоа е тие бараат: можност да аплицираат за азил, изјави таа за Гласот на Америка. 

Со крајот на Поглавје 42, Орта ги советува мигрантите да ја користат апликацијата CBPOne за да обезбедат состанок и да им даде до знаење дека ако преминат без овластување, веднаш ќе бидат отстранети. 

Крајбрежната стража исто така соопшти дека иако истекува правилото, како за копнените, не се менува политиката и за морските премини, истакнувајќи дека морските граници на САД остануваат затворени. кб/ 

Остани поврзан