• четврток, 26 декември 2024

Започна првата расправа во постапката за помирување помеѓу Управата за јавни приходи и Солидарност (ДПЛ)

Започна првата расправа во постапката за помирување помеѓу Управата за јавни приходи и Солидарност (ДПЛ)

Скопје, 30 јуни 2023 (МИА) – Во Управата за јавни приходи денеска започна процесот на помирување помеѓу УЈП и синдикалната организација „Солидарност“ со посредство на м-р Илија Манасиев во однос на барањето за зголемување на платите на вработените за 30 проценти.

Претседателот на организацијата Солидарност Васе Недановски и в.д претседателката на УЈП Сања Лукаревска пред почетокот на средбата во изјава за медиумите изразија надеж за изнаоѓање заедничко решение. 

- Убеден сум дека со отпочнувањето на процесот ќе изнајдеме решенија и одлуки кои ќе овозможат добивање согласност за потпишување на колективните договори. Како најважно е зголемувањето на платите на вработените во УЈП за посочените 30 проценти и тоа да биде направено независно од донесените одлуки и оние одлуки кои ќе бидат донесени во иднина од социјално економскиот совет. Во моментот платите кои се исплатуваат се во износ за процент од најмалку 30 посто помал од утврдено во одредбите, изјави Недановски.

Секоја одлука надвор од посочената рамка, како што рече, ќе значи автоматски отпочнување на генерален штрајк.

Посредникот Манасиев информира дека помирувањето ќе се одвива во неколку фази.

-Во законот има две одредби кои меѓу себе се конфронтираат и тоа е потребата за промена на тој закон во догледно време. Затоа што според едниот став имаме 10 дена рок откако ќе почне процесот, а според друг став имаме 20 дена за работата на одборот, меѓутоа во принцип ќе се трудиме максимално нашите средби да ги одржиме преку исцрпување на аргументите. Ние ќе поминеме во неколку фази, фаза на разгледување на проблемот, разгледување на различни опции кои можат да бидат дел од решавање на овој процес, веќе од следната фаза ќе направиме тест на реалноста колку од тие опцции се возможни, колку не се возможни, изјави Манасиев.

Тој апелира на воздржаност од страна на медиумите и политичарите од давање и пренесување на изјави додека трае процесот на помирување.

Одлуката за генерален штрајк требаше да стапи во сила на 27 месецов, но беше пролонгирана поради назначувањето нов помирувач во процесот. Во меѓувреме, вработените во УЈП секој ден одржуваат двочасовни протести на работните места. свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан