• недела, 28 јули 2024

Започна обуката на реонските попишувачи во Општина Кичево

Започна обуката на реонските попишувачи во Општина Кичево

Кичево, 29 август 2021 (МИА) - Во Кичево денеска почна обуката на теренските попушувачи. На обуката се јавија вкупно 82 од 83 кандидати, кои успешно го поминаа тестот. Обуката на реонските попишувачи покрај петте републички инструктори, ја изведоа и 13 реонски инструктори, кои во петокот ја завршија тридневната обука.

Републичкиот инструктор Јованчо Сапунџиоски истакна дека целокупниот процес се одвива според прописите за заштита од Ковид-19, од помал број на присутни кандидати во секоја училница, до задолжително носење на заштитна маска и неизбежна хигиена на рацете.

-Денеска ја започнавме тридневната обука на реонските попишувачи. На денешната обука беа присутни 82 од 83 кандидати кои успешно го поминаа тестот. За целосна покриеност на теренот со реонски попишувачи неопходни ни се уште 46 кандидати. Во меѓувреме контактирани се сите кандидати кои се пријавија во дополнителниот рок, 25 август, и кои не се јавија на тестирањето, но ниту еден од нив не се премисли за да се вклучи во обуката за реонски попишувач, вели инструкторот Сапунџиоски.

Тој нагласи дека во трите дена ќе се изведуваат просечно по 5 часа дневно, што ќе биде доволно реонските попишувачи во целост да ја совладаат предидената материја.

-Како денеска така и во преостанатите два дена обуката за теренските попишувачи ќе трае по 5 часа а ќе ја изведуваат покрај републичките инструктори, и реонските инструктори кои во петок ја завршија планираната обука. Од она што можам да заклучам според првиот ден, најголемиот број на кандидати успешно ја совладаа предвидената материја и очекуваме во ист ритам да се заокружи тридневната обука и со добро подготвени попишувачи го започнеме пописот на 5 септември, додаде инструкторот.

Тој нагласи дека се прават напори преку Агенцијата за вработување да се обезбедат уште 46 кандидати, колку се неопходни за покривање на целиот терен на општина Кичево, каде се неопходни 128 реонски попишувачи.

Очекува до почетокот на пописот и ова прашање конечно да се реши.за/бт/

Остани поврзан