• недела, 17 ноември 2024

Започна изградбата на долниот дел од Градскиот пазар во Велес

Започна изградбата на долниот дел од Градскиот пазар во Велес
Велес,17 септември 2021 (МИА) - Започна да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола. - Вкупната вредност на работите изнесува 50.248.059 денари. Рокот на изведба е една година. Тезгите се дислоцирани на паркингот спроти Бифе скара „Пармак“, информира на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски. Воедно појасни дека ЈКП „Дервен“ треба да склучи договор со фирмата избрана на тендер за набавка на нови тезги и штом ќе биде готов горниот дел на пазарот, ќе ги префрлат продавачите на горниот дел и истиот ќе биде ставен во функција. Тој додаде дека горниот дел ќе биде готов на почетокот на октомври и на тој начин ќе може непречено да се изведуваат работите на тој дел од пазарот. ад/ки/    

Остани поврзан