• четврток, 26 декември 2024

Започнаа активностите за одбележување на Денот на албанската азбука

Започнаа активностите за одбележување на Денот на албанската азбука
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) од денеска до 22 ноември започнуваат активностите за одбележување на Деновите на албанската азбука. Културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ се организира во соработка помеѓу Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците и ИДКНА. - На денешен ден пред 109 години се започнати активностите на Конгресот за нашата азбука во Битола и од таа причина денеска го отвораме третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби. Директорот на ИДКНА, Скендер Хасани посочи дека манифестацијата секоја година се одбележува со посебна тема, а оваа година темата е за Арбрешите кои се преселиле во Италија во 15-тиот век, во времето на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, чиј дух ги водел Албанците кон Европа. ки/сп/

Остани поврзан