• среда, 25 декември 2024

Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско

Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера извршиле преглед во продажен објект во светниколско Амзабегово, сопственост на А.Б.(52) од истото село. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства.

Како што соопшти МВР, за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан