• среда, 25 декември 2024

Запленети над 3 000 пиротехнички средства на ГП „Јажинце“

Запленети над 3 000 пиротехнички средства на ГП „Јажинце“

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Полицијата вчера, околу 16:40 часот, на граничниот премин „Јажинце“ спречила шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).

Како што информира денеска МВР, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/aa/

фото: МВР 
 

Остани поврзан